Чаби Алонсо нема долго да жали за Реал, има понуда од уште еден свој поранешен клуб
Ливерпул ги отвори вратите на клубот за 44-годишникот. Резултатите на Арне Слот се катастрофални и нема да биде изненадување ако Холанѓанецот наскоро биде отпуштен. „Црвените“ се подготвени да го чекаат Чаби Алонсо, неговото заминување од Реал ќе значи работа на „Енфилд“, а самиот Чаби е подготвен ако Ливерпул го повика.
„Чаби Алонсо е подготвен да дојде во Ливерпул ако го напушти Реал. Неговата позиција во Мадрид е разнишана откако неколку ѕвезди му го свртеа грбот“, пишуваат британски медиуми.
Чаби беше кандидат за клупата на „Црвените“ минатата година. Сепак, тој одлучи да остане во Баер Леверкузен, го чекаше Реал, но веројатно не очекуваше да има толкав притисок од јавноста.