Банка од Битола е новиот спонзор на РК Вардар! (ФОТО)
„Црвено-црните“ денеска гостуваат во Сесвете во рамките на петтото коло од ЕХФ Европската лига, а името на новиот спонзор беше обзнането вчера, на приемот кај македонскиот амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски. Нему му беше подарен дрес на кој за првпат се појави името на новиот помагател. Алта Банка е една од најмоќните во овој сектор во Србија, а во иднина се очекува подеднакво квалитетно да работи и во земјава.
Со новиот спонзор се зголемуваат и амбициите на Вардар кој одлично ја почна новата сезона. По 13 кола во домашното првенство има максимален ефект и се наоѓа убедливо на првото место на табелата, а и во ЕХФ Европската лига е пред пласман во нокаут фазата.
Во рамките на европското натпреварување Вардар вечерва му гостува на Сесвете и со евентуална победа ќе го потврди пласманот понатаму.