Фудбалски спектакл се претворил во хорор: Претседател на клуб гризнал ривал за око! (ФОТО)
Наместо честитки за одличниот натпревар и победата на Метковиќ (5-4), претседателот на домашниот тим, Анте Кордиќ влегол на теренот по што направил вистински хаос.
Кордиќ го нападнал Иван Шутало од противничкиот тим и го гризнал за око, а тоа предизвикало дополнително насилство на теренот, при што во тепачката се вклучиле и други фудбалери од двете страни, но и група навивачи кои биле на трибините.
Метковиќ објави и фотографии од последиците со кои се здобиле фудбалери по хаосот на теренот и побара реакција од надлежните органи.