„Докажавме дека сме многу подобри од Македонија - и индивидуално и тимски!“
Велс доминираше од почетокот на натпреварот и ги користеше своите шанси.
„Навистина одлично издание. Мислам дека вечерва покажавме зошто се бориме за Светско првенство, посебно бевме ефикасни во нападот. На хартија натпреварот требаше да биде тежок, Македонија имаше што да игра. Но, ние покажавме дека, поединечно и колективно во овој момент сме многу подобри од нив. Дефинитивно за нас ова е еден од нашите најдобри натпревари, навистина уживав на теенот беше задоволство да се игра со момците“, порача Џонсон.
Поразот за Македонија значи и дека ќе чекаме ривали од најтешкиот шешир.
Фото: EPA