Го одбравме потешкиот пат кон СП – Италија ни е најсилниот можен ривал во баражот!
Ова беше историско понижување за избраниците на селекторот Благоја Милевски, кои во 90 минути примија повеќе од двојно повеќе голови од претходните седум меча – заедно (вкупно) три. Ова значи дека во полуфиналето од баражот ќе чекаме ривал од најсилната четворка, во која се наоѓаат Италија, Турција, Данска и Украина. Овој натпревар ќе го играме на теренот на противникот, кој и да ни падне од оваа четворка.
Евентуалниот триумф во оваа пресметка ќе се лансира во финалето, во кое домаќинот ќе биде одреден со ждрепка, а ривал ќе ни бидне еден од тимови кои ќе победат во дуелите меѓу тимовите од вториот и третиот барабан. Ждрепката ќе се одржи в четврток, а средбите ќе се одиграат во март следната година.
Барабан 1: Италија, Данска, Турција, Украина
Барабан 2: Полска, Велс, Чешка, Словачка
Барабан 3: Ирска, Албанија, БиХ, Косово
Барабан 4: Романија, Шведска, Македонија, Северна Ирска