Натпревар од соништата и личен рекорд на Јакимовски во Еврокупот

Кемниц славеше на гостински терен против Тренто со 105-94 во дуелот на двајцата Македонци, Ѓорѓи Кочов и Андреј Јакимовски.

Германскиот тим се наоѓаше во водство во текот на целиот натпревар и заслужено славеше, но натпреварот го одбележа македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски. Иако помина само 26 минути во игра, нашиот кошаркар беше најефикасен на во својата екипа со 30 поени со што постави личен рекорд во професионалната кариера и секако рекорд во европската кошарка.

Јакимовски погоди 3/7 за тројка, 6.9 за два и 9/9 од линијата за слободни фрлања, а додаде уште осум асистенции за индекс 31, највисок во својот тим. Тој беше и нјзаслужен што во последната четвртина Тренто од негатива од 20 разлика се доближи на само -5 и внесе драматика на мечот. Сепак, во клучните моменти не доби помош од соиграчите и пресвртот не се случи.

Кемниц го имаше фантастичниот Кевин Јебо кој постигна 33 поен и осум скока за индес 38, највисок на натпреварот.