Фудбалерите ја поздравија Фалангата од „безбедна“ дистанца! (ВИДЕО)

Македонските фудбалери доживеаа вистински дебакл на гостувањето кај Велс, па атмосферата и меѓу фудбалерите и меѓу навивачите беше траорна, а поздравот беше - колку да се каже.

Дел од нашите навивачи и предвреме го напуштија стадионот, а оние кои останаа на трибините добија поздрав од фудбалерите кои решија да не се доближат до трибината каде што беше Фалангата, поздравија оддалеку.