Неверојатно: Во Кардиф за полувреме примивме исто голови колку и во претходните седум меча - заедно!

Велс води со 3-1 против Македонија по првото полувреме на последниот квалификациски меч за пласман на Светското првенство.

Потребно ни е реми за да го задржиме второто место и да бидеме во третиот шешир при ждрепката за баражите, но по првите 45 минути имаме негатива од два гола.

По првите 45 минути имаме примено исто толку голови колку што имавме на претходните седум натпревари заедно.

Велс поведе со погодок на Вилсон од пенал во 18. минута, а три минути подоцна Брукс зголеми на 2-0.

Македонските фудбалери многу брзо се совземаа по тој шок и веќе во 23. минута Миовски намали на 1-2.

Сепак, Џонсон со помош на Костадионов постигна гол во 37. минута за предност на Велшаните од 3-1 во првото полувреме.