БиХ немаше сила за сензација против Австрија, Шкотска по 28 години се избори за СП (ВИДЕО)
Босна и Херцеговина беше една од селекциите кои можеа директно да се пласираат на Мундијалот, а мечот во Австрија трггна по планот кога Табаковиќ стрелаше во 12. минута за 1-0. Сепак, домаќинот со погодокот на Грегорич во 78. минута ги урна надежите на Босанците и ги испрати во баражот.
Шкотска во неверојатен меч против Данска успеа да слави со 4-2, а со тоа го прекина долгиот пост и по пауза од 28 години повторно ќе се појави на Мундијалот
Домашната селекција го почна натпреварот со прекрасен гол на Скот Мектоминеј кој со „ножички“ погоди за 1-0. Данска се врати во мечот со погодокот на Расмус Хојлунд во 57. минута, но потоа беше исклучен Кристенсен поради втор жолт картон. Шкотска тргна по нов погодок и успеа да погоди преку Шонкленд (2-1), но Данска возврати преку Доргу и израмни на 2-2.
Драмата се случуваше во судиското надополнување на вториот дел кога Киеран Тирни погоди за 3-2, а Кени Меклин ја потврди поебдата во последните минути.
Група А: Германија 15, Словачка 12, Северна Ирска 9, Луксембург 0
Група Б: Швајцарија 14, Косово 11, Словенија 4, Шведска 2
Група Ц: Шкотска 13, Данска 11, Грција 7, Белорусија 2
Група Д: Франција 16, Украина 10, Исланд 7, Азербејџан 1
Група Е: Шпанија 16, Турција 13, Грузија 3, Бугарија 3
Група Ф: Португалија 13, Ирска 10, Унгарија 8, Ерменија 3
Група Г: Холандија 20, Полска 17, Финска 10, Малта 5, Литванија 3
Група Х: Австрија 19, БиХ 17, Романија 13, Кипар 8, Сан Марино 0
Група И: Норвешка 24, Италија 18, Израел 12, Естонија 4, Молдавија 1
Група Ј: Белгија 18, Велс 16, Македонија 13, Казахстан 8, Лихтенштајн 0
Група К: Англија 24, Албанија 14, Србија 13, Летонија 5, Андора 1
Група Л: Хрватска 22, Чешка 16, Фарски Острови 12, Црна Гора 9, Гибралтар 0