Снајдер со пофални зборови за Јамал: Има потенцијал да го надмине Меси!
Снајдер вели дека Јамал ќе остане во Барселона најмалку до 2035 година, при што ќе стане еден од најдобрите фудбалери во светот и наскоро ќе ја освои „Златната топка“.
„Сите зборуваме за тоа дали Јамал еден ден може да биде како Меси, но јас веќе мислам дека тој е новиот Меси за Барселона. Заработува многу пари во Каталонија, зошто би размислувал да замине во Англија или Германија? Мислам дека ќе остане уште 10 години во Барселона и ќе го надмине Меси“, вели Снајдер.