Македонската амбасадорка ќе ги бодри момците на Милевски во Кардиф! (ФОТО)
Претставникот на државата во В. Британија ќе биде дел од Фалангата во битката за бод(ови) против Велс, а преку социјалните мрежи им посака среќа на македонските фудбалери.
„Во пресрет на вечерашниот натпревар во Кардиф, помеѓу националните репрезентации на Македонија и Велс, обединети, сите заедно стоиме зад нашите репрезентативци! Веднаш по нивното пристигнување во им посакав топло добредојде и во име на Амбасадата и македонската заедница во им упатив силна поддршка. Им посакувам успешен натпревар, со верба, тимски дух и максимална посветеност да ја претстават нашата земја достоинствено и во спортски дух. Среќно момци - цела Македонија навива за вас“, вели Ставреска.
