Македонија У19 со победа над Естонија го заврши турнирот во Португалија!

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години успеа да победи во последниот натпревар од квалификацискиот турнир во Португалија за елитната фаза од квалификациите за Европското првенство, ја совладавме Естонија со 2-0.

По поразите од Белгија и Португалија, Македонија дојде до триумф над Естонија и на третото место го заврши турнирот.

Саботиќ во првото полувреме и Љатифи во вториот дел беа стрелци на головите за Македонија.

Португалија и Белгија одиграа нерешено 1-1, овие две екипи со по пет бода ги освоија првите две позиции и одат во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство до 19 години.