Убедлив пораз на македонските кошаркарки против Хрватска!

Македонската женска кошаркарска репрезентација вечерва го запиша вториот пораз во квалификациите за Евробаскетот во 2027 година, откако загуби од Хрватска со 55-83.

Првата четвртина донесе поголема борба од двете екипи и предност на Хрватска од 19-17, по што македонските кошаркарки почнаа со грешки во нападот, а тоа знаеше како да го казни ривалот и да замине на паузата со 44-32.

Хрватска продолжи да ја зголемува предноста во вториот дел, а Македонија имаше кошмарна последна четвртина во која постигна само осум поени и загуби со 83-55.

Хемпе и Митрашиновиќ запишаа по 15 поени за Македонија, додека Бегиќ и Цвитковиќ постигнаа по 15 поени за Хрватска.

По три одиграни меча во квалификациите, Македонија има една победа и два порази, а следниот меч го игра против Данска на 11 март следната година.