Нов пораз за ТФТ: Широки со пресврт го расплака македонскиот тим!

Кошаркарите на македонскиот суперлигаш ТФТ Скопје беа поразени на тешкото гостување кај Широки со 72-85 во четвртото коло од АБА2-лигата.

Македонскиот претставник во регионалното натпреварување беше подобар во првото полувреме кое му припадна со 40-37, но Широки се разигра во вториот дел.

Широки со одлична трета четвртина стигна до предност од 57-52, по што во последната четвртина без проблеми продолжи да ја зголемува разлика до конечни 85-72.

Најефикасен кај Широки беше Пол Кери со 19 поени, додека Стенли Дејвис запиша 16 поени за ТФТ.

Фото: ABA2