Милевски ги избра фудбалерите со кои ќе се соочи против Велс (ФОТО)

Македонија и Велс вечерва во Кардиф од 20.45 часот ќе се судрат во последното коло од квалификациите за Светското првенство (СП), а селекторите на двете репрезентации ги објавија фудбалерите со кои ќе излезат на теренот.

Селекторот Благоја Милевски ги избра репрезентативците со кои ќе се обиде да остане непоразен во Велс со цел да го освои второто место во групата за да добие полесен противник во баражот за Мундијалот.

На голот ќе биде Димитриевски, додека во одбраната ќе играат Ашковски, Велковски, Зајков, Стојчевски и Илиевски. Средниот ред ќе биде составен од Алими, Барди и Костадинов, додека офанзивни на теренот ќе бидат Елмас и Миовски.