Во Јунајтед „увидоа“ дека се тапа за фудбал, па решија да се „префрлат“ во – кошарка!
Оваа иницијатива се оценува како една од најамбициозните спортски експанзии во последната деценија. Првичните информации велат дека Јунајтед веќе поставува организациска база и развива долгорочен план за приклучување во НБА Европа, чиј старт би можел да се случи во сезоната 2027/28. Со тоа, клубот би добил неколку години за оформување на состав, стручна структура и комерцијален модел што ќе одговара на кошаркарските стандарди.
Ваквиот потег е дел од пошироката стратегија на сопствениците да го прошират спортскиот домен на клубот и да ја засилат глобалната присутност на брендот. Одлуката доаѓа во период кога кошарката бележи рекорден раст во Велика Британија – најдобар пример е Лондон, каде што е во подготовка изградба на нова арена со 15.000 седишта вредна две милијарди фунти. Овие сигнали потврдуваат дека британскиот пазар станува зрела почва за развој на врвни кошаркарски франшизи.