Кејн откри кои пет фудбалери се лидери на оваа Англија!

Англија под водство на Томас Тухел изгледа исклучително моќно, а Хари Кејн е еден од петмината лидери во репрезентацијата на Гордиот Албион.

Англија во квалификациите не само што ги победи сите натпревари, туку нема ниту примено гол.

„Нашите нови лидери се Џуд Белингем, Букајо Сака, Марк Гуеи, Деклан Рајс и јас“, изјави Кејн за „Мирор“.

Денеска Англија ѝ гостува на Албанија во последниот меч од квалификациите, Англичаните сигурно ќе сакаат да завршат со перфектен учинок, а тоа значи уште еден победа без примен гол.