Шок за Унгарија: Со гол во 96. минута останаа без шанса да се борат за СП! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Ирска приреди вистинско чудо во Будимпешта и по триумфот над Португалија во претходното коло, денеска ја победи и Унгарија со 3-2 и тоа со гол во последните секунди.

На Унгарците им беше доволен и бод за да одат во баражот и го имаа тој резултат се шестата минута од судиското продолжение.

Не изгледаше дека ќе видиме изненадување кога Даниел Лукаш го отвори резултатот во третата минута, Ирска израмни со првиот гол на Трој Парот во 15. минута. Варга се погрижи домаќините да имаат водство на полувремето. Се до 80-тата минута Унгарија водеше со 2-1, тогаш Парот израмни на 2-2, а потоа во 96. минута и уште еднаш се запиша во листата на стрелци за сензационален триумф на гостите.

Со оваа победа Ирска дојде до 10 бода и ја остави Унгарија со осум зад себе која така останува без шанса да се бори за место на Мундијалот. Португалија од оваа група оди директно на Мундијалот со 13 бода од првата позиција.