Тиквеш го надигра Пролет за седма победа во Суперлигата

Ракометарите на Тиквеш денеска го надиграа Пролет со 21-18 во 12. коло од македонската Суперлига.

Првото полувреме не понуди атрактивен ракомет, туку повеќе можеа да се забележат грешки на двете екипи во организацијата на нападите, па на паузата со 9-7 замина Тиквеш.

Пролет продолжи во ист ритам во вториот дел, додека Тиквеш за нијанса беше подобар колку да ја одржи предноста до крајот и да слави со 21-18.

Најефикасен во победничкиот тим беа Коцев и Мијушковиќ со по шест постигнати голови.