Белами: Ќе биде тешко против Македонија, но ќе се прилагодиме без Џејмс и Ампаду

Велс во дуелот против Македонија ќе биде без двајцата важни фудбалери, Итан Ампаду и Џордан Џејмс, но селекторот Крег Беламу не е премногу загрижен поради тоа.

Беламу е свесен дека ги чека тежок дуел против Македонија зашто не им одговара ништо друго освен победа во Кардиф ако сакаат да го освојат второто место во групата од квалификациите за Мундијалот.

„Ќе биде тежок натпревар против Македонија. Тие имаат добри резултати, а за нас најважно е да создаваме шанси и да бидеме трпеливи. Ќе се прилагодиме без Џејмс и Ампаду, имаме голема група на фудбалери“, вели Беламу.

Натпреварот меѓу Велс и Македонија се игра во Кардиф на 18 ноември од 20.45 часот. 

Фото: FA Wales