Тиквеш пресилен за Ангели, Гостивар загуби на гости кај Чаир
Екипата од Кавадарци беше подобар тим во првото полувреме кое го доби со 36-31, додека во третата четвртина се разигра и успеа да направи недостижна предност, по што оствари убедлива победа.
Најефикасен во победничкиот тим беше Лук Андерсон со 20 поени и 15 скокови, додека Таулант Ибраими запиша 16 поени за Ангели.
Големи возбудувања беа забележани на пресметката меѓу Чаи и Гостивар. Гостите беа одлични во првото полувреме кое го добија со 46-39, додека Чаир го засили темпото во финишот на регуларниот дел (83-83) и успеа да се избори за продолженија.
Во продолжението Чаир успеа да стигне и до целосен пресврт и да слави со 96-92, а најефикасен во победата беше Џалин Билингсли со 30 поени, додека Абрам запиша 34 поени за Гостивар.