Алкараз си закажа финале против Синер на турнирот во Торино

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз вечерва славеше против Феликс Оже-Алијасим со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-4 и обезбеди финале на завршниот турнир во Торино.

Алкараз беше незапирлив во првиот сет и дури двапати му го одзема сервисот на Алијасим за да го освои сетот со 6-2.

Тенисерот од Канада даде поголем отпор во вториот сет и не му дозволи ниту една брејк-шанса на Алкараз сè до 10. гем кога Шпанецот успеа да ја искористи втората и да слави со 6-4.

Алкараз во финале ќе се бори против Јаник Синер.

Фото: EPA