Томовски продолжува со лудите партии во Германија - 20 одбрани против Крефелд!

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Мартин Томовски имаше уште една брилијантна партија во вторта Бундеслига во дресот на Битигхајм.

Статистиката вели дека Македонецот е најдобриот голман во втората германска лига, а тие бројки денеска се зголемени.

Во меч од 11. коло, Битигхајм го победи Крефелд со 32-19, Томовски беше најдобар на теренот.

Македонскиот голман имаше дури 20 одбрани со успешност од 51-отсто. Меѓу одбраните се и два седмерци.