СП 2026 ќе биде отворено со ист меч како и Мундијалот во 2010!

Денешната ждрепка за групите од Светското првенство донесе и една интересна коинциденција кога е во прашање првиот натпревар на големиот фудбалски настан.

Светското првенство ќе биде отворено во Мексико Сити со натпреварот меѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка.

Интересно, Светското првенство кое се одржа во 2010 година, беше отворено исто така со овие две репрезентации, тогаш Јужна Африка беше домаќин и играше против Мексико.

Тој натпревар заврши нерешено, 1-1. Чабалала донесе водство за Јужна Африка, Маркез го спаси Мексико од пораз.

Ждрепката за Светското првенство 2026 може да ја видите на овој ЛИНК.