Венгер го откри својот фаворит за титулата на СП 2026

Легендарниот тренер Арсен Венгер ги сподели своите очекувања за Светското првенство (СП), кое ќе се одржи следната година од 11 јуни до 18 јули во САД, Мексико и Канада.

Поранешниот стратег и актуелен шеф за глобален развој на фудбалот кажа дека негов главен фаворит за освојување на титулата е Франција.

Французите на последниот Мундијал во Катар стигнаа до финалето, но беа поразени од Аргентина на пенали.

„Се обидувам да бидам објективен, но Франција е супер-фаворит, и тоа само од една причина. Имаат повеќе напаѓачи од светска класа отколку било која друга репрезентација. Тие имаат квалитет кој ќе направи разлика“, кажа Венгер.

Фото: FIFA