Мекларен ќе користи тактика со која може да ја загуби титулата во Ф1

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе влезе со предност во последната трка од сезоната во Формула 1 во која ќе се решава за титулата, а конкуренти ќе му бидат тимскиот колега Оскар Пјастри и актуелниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул.

Норис има 12 бодови повеќе од Ферстапен и 16 поени повеќе од Пјастри, а голем број од фановите на Мекларен се надеваа дека тимот ќе користи тактика со која ќе му помогне на лидерот да ја освои шампионската титула, но очигледно такво нешто нема да се случи.

Лидерот во шампионатот кажа дека нема да бара помош од Пјастри во последната трка, иако е на чекор до титулата, а тоа може да му се удри од глава на крајот затоа што Ферстапен ја подобри својата форма во изминатиот период и би можел да го преземе неговото место.

„Нема да барам помош затоа што не е фер. Оскар ќе треба сам да реши дали ќе помогне“, кажа Норис.