Вардар триумфира во Ѓорче Петров и по шест години е есенски шампион (ФОТО)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар триумфира против Македонија Ѓорче Петров со 2-1 и го задржа првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Македонија ЃП прва зададе удар и ја затресе мрежата на Вардар преку Еступињан во 54. минута, откако избраниците на Гоце Седлоски не реализираа голем број шанси.

Вардар се врати со погодокот на Азер Омерагиќ во 63. минута, а младиот фудбалер потоа постигна и втор гол за целосен пресврт (2-1).

„Црвено-црните“ со денешната победа ја задржаа предноста пред големиот ривал Струга, а воедно станаа есенски шампион по пауза од шест години.

На вториот меч кој се играше во истиот термин, Струга славеше на гости кај Тиквеш со 1-0 со погодокот на Меметриза Хамза во 36. минута од натпреварот.

Standings provided by Sofascore