Србија била оштетена на СП: Нанесена ни е голема неправда! (ВИДЕО)

Српската женска ракометна репрезентација на неверојатен начин остана без победата против Фарски Острови (31-31), по што нашиот северен сосед реши да се жали.

Причина за жалбата беше одлуката на аргентинските судијки во последната минута, кога беше доделен црвен картон за српска ракометарка, а со тоа директно влијаеа врз конечниот резултат.

„Баравме итна седница на Комисијата за судење, зашто пасивната игра која беше досудена не е по правилата на ракометот и сметаме дека сме оштетени. Денеска добивме одговор дека Србија е оштетена, нанесена ни е голема неправда. Верувам дека девојките против Црна Гора ќе одиграат добар меч и ќе обезбедат четвртфинале“, кажа генералниот секретар на ракометниот сојуз, Иван Миливојевиќ.