Австрија го совлада Кипар и се наоѓа на чекор од пласман на СП 2026
Двата гола во победничкиот состав ги постигна Марко Арнаутовиќ, и тоа најпрво во 18. минута од пенал, а потоа во 56. минута од игра.
На Австрија за пласман на Мундијалот ѝ е потребно Босна и Херцеговина да не ја победи Романија во ова коло или евентуално во следното да не загубат од БиХ.
На останатите натпревари Шпанија оствари висока победа против Грузија со 4-0, додека Турција со 2-0 славеше против Бугарија.