Тиквеш пресилен за Ангели, Гостивар загуби на гости кај Чаир

Вечерва се одиграа уште два натпревари во кошаркарската Суперлига, при што Тиквеш славеше против Ангели со 88-63, додека Гостивар загуби од Чаир со 92-96.

Екипата од Кавадарци беше подобар тим во првото полувреме кое го доби со 36-31, додека во третата четвртина се разигра и успеа да направи недостижна предност, по што оствари убедлива победа.

Најефикасен во победничкиот тим беше Лук Андерсон со 20 поени и 15 скокови, додека Таулант Ибраими запиша 16 поени за Ангели.

Големи возбудувања беа забележани на пресметката меѓу Чаи и Гостивар. Гостите беа одлични во првото полувреме кое го добија со 46-39, додека Чаир го засили темпото во финишот на регуларниот дел (83-83) и успеа да се избори за продолженија.

Во продолжението Чаир успеа да стигне и до целосен пресврт и да слави со 96-92, а најефикасен во победата беше Џалин Билингсли со 30 поени, додека Абрам запиша 34 поени за Гостивар.