Португалија е пресилна за македонските надежи до 19 години - убедлив пораз!
Португалците кои се домаќини на овој турнир, покажаа дека имаат значително подобра генерација од нас и без проблем дојдоа до трите бодови.
Со голови на Патрао, Силва и Соареш, Португалија по првите 45 минути го реши прашањето за победникот, на одморот имавме негатива од 0-3.
Во 66. минута преку Тровиско домаќините дојдоа и до 4-0, а ние до крајот на мечот со гол на Саботиќ само го намаливме резултатот на конечни 4-1.
Следниот меч на Македонија е против Естонија, тој дуел се игра во вторник, исто така во Португалија каде што и се одржува овој турнир. Тоа ќе биде натпревар за престиж, со победа може да го избегнеме само последното место на кое сме сега, Естонците имаат две нерешени од првите два меча.