Македонија на еден бод до (по)лесен ривал во баражот за СП 2025!

Селекцијата на Велс победи со 1-0 на гостувањето во Лихтенштај, а тоа значи дека на Македонија во вторник ќе ѝ биде доволно и реми за да го задржи второто место на табелата.

На Велс му требаше победа од шест или повеќе разлика за да биде во поповолна позиција од Македонија пред директната пресметка, но тоа не само што не се случи, туку тие победија со еден постигнат гол.

Се редеа шанси пред голот на Лихтенштајн, но топката не сакаше да влезе во нивниот гол.

Клучниот момент се случи во 62. минута кога Џејмс постигна гол за победа од 1-0.

Ова значи дека во вторник ни е доволен само еден бод за да го освоиме второто место и да имаме полесна ждрепка во баражот за Светското првенство.