Пелистер без проблеми ја реши домашната задача против Бутел!

Ракометарите на Пелистер запишаа уште една убедлива победа во македонската Суперлига откако го совладаа Бутел со 31-21.

Битолчани тргнаа фуриозно уште од самиот почеток на мечот, откако дојдоа до предност од 9-2, ја тргнаа педалата од гас па Бутел почна да ја стабилизира играта. На одморот Пелистер отиде со предност од 16-10.

Сликата беше слична и во второто полувреме, пелистерци ја зголемуваа предноста до конечни 31-21.

Ова беше десета победа за Пелистер во домашното првенство, со 21 бод се на втората позиција, имаат три помалку од перфектниот Вардар.