Срамен однос: Македонија има загарантиран бараж, а Арената зјае празна! (ФОТО)

Нема голови по првото полувреме на пријателскиот меч меѓу Македонија и Летонија, но нема ниту многу публика на трибините иако влезот за овој натпревар беше бесплатен и се очекуваше дека репрезентативците ќе добијат голема поддршка пред следниот дуел со Велс, откако веќе обезбедија бараж за Светското првенство (СП).

За разлика од квалификацискиот дуел со Казахстан каде што Националната арена „Тодор Проески“ беше речиси исполнета, на денешниот пријателски меч со Летонија нема публика.

На стадионот има само две-три илјади фанови кои решија да ѝ дадат поддршка на нашата репрезентација пред заминувањето на важниот меч со Велс. Атмосферата е театарска, може да се слушне само по некоја воздишка кога ќе се создаде шанса.

Македонија од претходно има загарантиран бараж за СП 2026, а од дуелот со Велс ќе знаеме дали фудбалерите ги чека посилен или полесен ривал на патот кон Мундијалот.