Роналдо појасни што значи „наскоро“, откри кога ќе се пензионира!
Португалецот се појави на форум во Ријад каде што истакна дека ќе игра најмногу уште две години.
„Како што знаете, кога во фудбалот ќе достигнете одредени години, месеците се бројат многу брзо. Се чувствувам добро во овој момент. Постигнувам голови, сè уште се чувствувам брзо и остро. Уживам во својата игра за репрезентација. Тоа што го мислам под „наскоро“ е година или две“, изјави Роналдо.
На прашањето дали Светското првенство во 2026 година ќе биде негово последно, Роналдо одговори.
„Да, дефинитивно. Имам 41 година и веројатно тоа ќе биде вистинскиот момент“, порача португалскиот ас.
Во својата кариера, Роналдо досега постигна 953 голови, а негова најголема цел е да дојде до бројката од 1.000 погодоци на официјалните натпревари.