Детроит е сензација во НБА - шеста победа по ред и прво место на Истокот (ВИДЕО)
Во возбудлив натпревар, тимот од Мичиген ја победи Филаделфија со 111-108, продолжувајќи ја својата победничка серија која сега изнесува шест триумфи. Сиксерс водеа на полувреме, благодарение на подобрата игра во втората четвртина, но гостите покажаа карактер. Подемот на Детроит дојде во третата четвртина, пред се поради добрата игра на Кејд Канингем, кој имаше клучна серија.
Во финишот, Детроит ја искористи својата шанса, Канингем постигна фаул и слободно фрлање што му донесоа +5, а потоа го погоди клучниот шут на 16,9 секунди до крајот. Филаделфија имаше можност да се се избори за продолжение, но обидот за тројка на Макси беше непрецизен.
Канингем собра 11 асистенции заедно со 26 поени, додека Џејлен Дуран додаде 16 скока и 21 поен. На другата страна, Макси постигна 33 поени, а се истакна и Андре Драмонд со 17 поени и 12 скока.
Голден Стејт се врати на победничките патеки, победувајќи ја Индијана со 114-83, без сè уште болниот Стеф Кари. Во негово отсуство, Џими Батлер го предводеше тимот со 21 поен, додека Вил Ричардс постигна 15. Ендру Нембхард го предводеше поразениот тим со 14 поени и девет асистенции.
РЕЗУЛТАТИ
Сакраменто - Минесота 117-144
Голден Стејт - Индијана 114-83
Филаделфија - Детроит 108-111
Мемфис - Оклахома 100-114
Њујорк - Бруклин 134-98
Орландо - Бостон 107-111
Милвоки - Хјустон 115-122