Алкараз со експресна победа против Де Минор тргна во Торино

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз славеше со 2-0 во сетови против Алекс Де Минор во првото коло од групата А на Завршниот мастерс во Торино.

Алкараз имаше добар почеток и водеше со 4-1, но Де Минор не се откажа лесно и набрзо возврати, по што победникот се решаваше во тај-брејк каде што подобар беше Шпанецот со 7-5.

Шпанецот беше одличен во вториот сет од дуелот, додека Де Минор не можеше да фати ритам, па победата му припадна на Алкараз со 6-2.

Во истата група се наоѓаат и Лоренцо Музети и Тејлор Фриц.

Фото: EPA