Промашување од 85 милиони евра: Јунајтед се ослободува од Санчо по секоја цена
Повремениот англиски репрезентативец има договор до јуни 2026 и не постојат никакви шанси тој да биде продолжен иако има опција за уште една сезона. Неговата плата изнесува 200 илјади евра неделно, а не е исклучено да биде продаден или пуштен без отштета веќе во јануарскиот преоден рок.
Оваа сезона Санчо настапува како позајмен играч во Астон Вила каде досега запиша само три настапи. Во Манчестер Јунајтед дојде во 2021 година од Борусија Дортмунд за 85 милиони евра, но ниеднаш не го покажа својот квалитет. Првите две сезони беше стандарден, а потоа почнаа проблемите, прво со Ерик Тен Хаг и сега со Рубен Аморим.
Како последица на тоа, една сезона помина на позајмица во Борусија Дортмунд, една во Челси и сега е во Астон Вила.