Дерби во Суперлигата: Алкалоид гостува на перфектниот Вардар!
Вардар во натпреварот влегува во одлична форма во домашното првенство каде што има десет победи во исто толку натпревари со што се и единствен тим со максимален учинок. Од друга страна избраниците на Лазаров двапати ремизираа во средбите со Пелистер и Охрид.
Лазаров за дербито нема да може да смета на повредениот Урош Борзаш, меѓутоа во составот ќе бидде Марко Митев кој се врати на обврските по долгата пауза по тешката повреда. На спротивната страна пак повреда минатиот месец заработи голманот Еспиња кој според најавите треба да паузира четири до шест недели и веројатно нема да може да помогне на тимот.
Последниот натпревар помеѓу овие два ривали одигран минатата сезона заврши без победник (26-26), а во последните пет дуели Вардар има три победи, додека Алкалоид славеше само еднаш.
Натпреварот е игра во терминот од 18:30, а денеска на програмата има и уште еден дуел од Суперлигата во кој силите ќе ги одмерат Тиквеш и Бутел.