Среќа што остана жив: Ужасен момент од вчерашната несреќа на Бортолето (ВИДЕО)

Возачот на Стејк Зубер во Формула, 1, Габриел Бортолето на вчершната спринт трка доживеа инцидент кој изгледаше страшно во кој за среќа помина без посериозни повред.

При првиот свиок на патеката во Бразил, Бортолето изгуби стабилност и со голема брзина удри во ѕидот.

Во тие момеенти тој остана без некаква шанса за реакција и болидот се одби од ѕидот преминувајќи низ патеката со голема брзина за на крајот да заврши во заштитната ограда. Неговиот болид еден момент и отскокна од патеката.

Сега се појави и нова фотографија од моментот на инцидентот која дополнително ја покажува сериозноста на тоа што му се случи на Бразилецот.