Ѕвезда на Сити шокираше: Размислував да ја прекинам кариерата!

Хрватскиот репрезентативец, Јошко Гвардиол се подготвува за уште едно дерби бидејќи денеска од 17:30 часот неговиот Манчестер сити ќе го пречека Ливерпул, а пред овој дуел зборуваше и за почетоците од неговата кариера.

Имено, иако денеска важи за еден од најдобрите на својата позиција, Гвардиол откри дека на почетоците размислувал и да ја прекине кариерата во фудбалот за да се посвети на кошарката.

„Да, тогаш размислував да ја прекинам кариерата. Во тоа време имв 16-17 години, често бев на клупа и се прашував дали ќе успеам. Многу сакам и кошарка. Сите мои пријатели тогаш играа, па размислував дали да им се придружам. Во тие моменти тоа ми беше спорт број еден“, изјави Гвардиол.

За негова среќа, но и за Хрватска која доби одличен дефанзивец, Гвардиол сепак го избрал фудбалот.

Фото: EPA