Ѓорчепетровки вторпат загубија од Елче и го завршија настапот во Европскиот куп!

Ракометарките на Ѓорче Петров го загубија и вториот меч од Елче Мустанг од Шпанија, овојпат беа поразени со 19-25 и доживеаа елиминација во од Европскиот куп, ова беа натпревари од 1/16 финалето.

Двата натпревари се играа во Скопје, Елче вчера победи со 19-16, а Шпанките денеска беа двојно поубедливи од тој меч, славеа со шест разлика, 25-19.

Емилијана Ризоска и Армина Исиќ постигнаа по четири голови за Ѓорче Петров, Милена Вујисиќ имаше 11 одбрани. 

Интересно, токму Елче беше тимот кој го елиминираше Ѓорче Петров и минатата сезона. Тогаш шпанскиот тим беше многу поубедлив отколку оваа година.