Пелистер ги пушти во продажба билетите за мечот на колото во ЛШ!

Во неделата која следи Пелистер повторно го чека натпревар во Лигата на шампионие во кој ќе игра против ПИК Сегед.

Од ЕХФ овој дуел го најавија како „натпревар на колото“ и во него Пелистер влегува со пет порази и една победа, додека ПИК Сегед е погоре на табелата со три победи и три порази.

Во зависност од местото на седење, билетите се продаваат по цена од 450 денари и 550 денари.

Натпреварот се игра в среда од 20:45 часот.