Голема измама: Ѕвезда од Премиер лигата останала без 950.000 евра!
Измамата наводно се случила во период од септември 2022 и јуни 2024 година, а осомниченото лице е приведено пред повеќе од една година и му се заканува затворска казна.
Британски „Сан“ открива дека Бисума доживеал голема финансиска загуба, по што случајот го пријавил кај надлежните институции кои потоа го привеле Маурис Гомез.
Бисума наскоро треба да се појави на суд и да сведочи против Гомез, кој би можел да добие до 10 години затвор поради измама.
Ова не е единствен проблем со кој се соочува фудбалерот, зашто во јуни 2024 година остана и без часовник вреден 320.000 евра додека бил во Кан, а во моментов и неговата иднина во Тотнем е неизвесна.
Фото: Tottenham Hotspur