Лапорта најави „бомба“: Меси доаѓа на отворањето на новиот „Камп Ноу“!?

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта кажа дека би сакал да биде присутен аргентинскиот фудбалер Лионел Меси на отворањето на новиот „Камп Ноу“.

Култниот стадион долго време се реновираше, но наскоро повторно ќе биде ставен во функција за натпревари, а Лапорта дополнително ги возбуди навивачите на Барселона.

„Би сакал тука да биде Меси на отворањето на ‘Камп Ноу’, би сакал стадионот да биде исполнет до последно место. Би бил презадоволен да одиграме меч со кој ќе му оддадеме почит на Меси“, кажа Лапорта.