Вардар со специјално лого го прославува јубилејот – 65 години од формирањето (ФОТО)
Дизајнот има за цел симболично да ја прикаже традицијата, историјата и трофејното минато на клубот. Од Вардар истакнуваат дека новиот визуелен идентитет е омаж на сите генерации ракометари, тренери, спортски работници и навивачи, кои заедно ја градат црвено-црната приказна веќе шест и пол децении. „Клуб за сите генерации“ е пораката која ја поврзува минатата и сегашната ера на најтрофејниот македонски ракометен колектив, велат вардарци.
Клубот ја искористи и приликата за да ги повика своите верни симпатизери да присуствуваат на дербито со Алкалоид, кое ќе се одигра в недела во арената „Јане Сандански“ (18.30 часот).
