Беќири: Јагелонија е опасен противник, но сонуваме нова европска радост!
Беќири посочи дека Јагелонија е квалитетен и опасен ривал, кој има поинаков стил на игра од Шелбурн, но се надева на нова европска радост.
„Ја анализиравме Јагјелонија која е квалитетна екипа. Очекувам поразличен меч од тој со Шелбурн, верувам дека Јагелонија е поквалитетна во однос на нив. Полскиот тим е агресивен во средината на теренот и нападот, па мора да бидеме внимателни. Ние се надеваме на добра игра и нова европска радост“, вели Беќири.
Арбин Зејнулаи посочи дека тетовци нема лесно да се предадат и ќе направат сè што можат да освојат три бодови против незгодниот ривал.
„Го анализиравме противникот и станува збор за силен тим, но ние ќе дадаме сè од себе за да оствариме добар резултати“, кажа Зејнулаи.
Натпреварот меѓу Шкендија и Јагелонија се игра во Скопје в четврток од 21 часот.