Шоу за крај на годината: Договорен меч меѓу Сабаленка и Кирјос
Станува збор за меч од серијата „Борба на половите“ кој датира уште од 1973 година и повременот се одржуваат мечеви помеѓу најдобрите тенисери и тенисерки.
Сабаленка во овој момент е најдобра тенисерка во светот, додека Кирјос е далеку од најдобрата форма и се наоѓа на 652. позиција на АТП листата.
Првпат ваков меч од овој серијал одиграа Маргарет Корт и Боби Ригс во 1973 година, победи американскиот тенисер со резултат 6-2, 6-1. Во наредните години гледавме средби помеѓу Мартина Навратилова и Џими Конорс, Џастин Хени и Јаник Ноа, Ли На и Новак Ѓоковиќ...