Пресврт во Јувентус: Влаховиќ сака да остане

Новиот тренер на Јувентус, Лучано Спалети објави дека разговарал со Душан Влаховиќ и добил уверување дека српскиот напаѓач сака да остане во тимот.

Неговиот договор со Јуве истекува на крајот од оваа сезона, а веќе во јануари може да почне да преговара со други клубови. Веќе беше поврзуван со Тотнем, Баерн и Барселона, но изјавата на Спалети дава нова димензија на неговата ситуација.

„Имав долг разговор со него и сфатив дека тој ја познава атмосферата во Торино, знае што значи да се игра за ваков клуб и без оглед на тоа што неговот договор истекува во јуни, сака да остане тука и во иднина. Всушност, не само што сака, туку и би бил почестен да остане, а јас имам големи планови со него“, изјави Спалети.

Сезонава Србинот одигра 13 натпревари за Јувентус и постигна пет гола од кои три во Серија А и два во Лигата на шампионите.