Тен Хаг е пред ангажман во клуб со кој може да си го врати угледот или да пропадне до крај!

Ерик тен Хаг оваа сезона беше тренерот кој најбрзо доби отказ откако Баер Леверкузен го отпушти по само два одиграни натпревари, холандскиот стратег сега е пред враќање во Премиер лигата.

Се шпекулира дека Вулверхемптон сака да го ангажира Тен Хаг, тој е една од нивните опции.

Наводно и Тен Хаг би ја прифатил понудата иако има одредени резерви околу преземање на тим во текот на сезоната.

Ако биде постигнат договор и Тен Хаг стане тренер на Вулвс, тоа за него ќе биде меч со две оштрици. Може да си го врати угледот или комплетно да се закопа.

Волците по десет одиграни кола се на последното место на табелата во Премиер лигата со само две освоени бода, без ниту една победа.

Аналитичарите велат дека тие го имаати најслабиот тим во лигата.

Ако Тен Хаг ги спаси, ќе биде херој и неговата цена повторно ќе биде висока, но ако испадне тешко дека во иднина би можел да биде интересен за некој голем клуб.